ПО ПРИКАЗНАТА ДЕКА РАСКИНАЛЕ: Џеј Ло и Алекс ја открија вистината за нивната врска

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Џенифер Лопез (51) и Алекс Родригез (45), ги негираа наводите на светските медиуми дека раскинале.

Веста за раскинувањето на популарната двојка се појави во сите странски медиуми во петокот, сепак, како што велат, сите обвинувања се далеку од вистината.

„Сè е неточно. Работиме на некои работи“, рекоа во заедничката изјава за американските медиуми.

„Имаат тежок период, но не раскинаа“, изјави извор близок до парот за магазинот „Пипл“, додавајќи: „Таа работи во Доминиканската Република, а тој работи во Мајами, па едвај се гледаат“.

Да потсетиме, медиумите тврдеа дека главната причина за раскинувањето на славниот пар е ријалити ѕвездата Медисон Ле Крој (31).

Слични содржини