Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на менаџерот Оле Гунар Солскјер.
Сопствениците, семејството Глејзер, се задоволни од напредокот на тимот под команда на Норвежанецот, кој го наследи Жозе Мурињо на кормилото во 2018 година.
Солскјер успеа да го врати тимот во Лигата на шампионите, носејќи го на првата позиција во еден момент оваа сезона и сето тоа им дава надеж дека можат да бидат успешни со него на долг рок.
Како што стојат работите, Солскјер исто така ќе добие значително зголемување на платата на 10,5 милиони евра.
Единствено што не е познато на колку долго тој ќе го потпише новиот договор.
Малку е веројатно дека тоа ќе трае пет години, па поверојатно е дека Оле ќе потпише договор до крајот на сезоната, кој ќе важи до крајот на 2023 година.
Солскјер со Јунајтед на 134 натпревари има ефект од 74 победи, 31 нерешени и 29 порази.