Кинески виолончелист се вакцинирал, па засвирил во чекалната (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
168 прегледи

Познатиот виолончелист Јо-Јо Ма ги изненади пациентите и присутните во центарот за вакцинација на коронавирус во државата Масачусетс, каде што одржал импровизиран концерт по приемот на вакцината.

Во саботата, откако ја примил втората доза на вакцина за коронавирус, кинескиот уметник седел во чекалната и свирел околу 15 минути.

Раководството на центарот за вакцинација објавлои дека уметникот сака да се заблагодари за вакцината на свој начин.

Јо-Јо Ма редовно објавува свои интерпретации на Бах, Бетовен и други композитори на социјалните мрежи во изминатата година.

„Во овие моменти на вознемиреност, сакам да продолжам да споделувам музика што ми дава утеха“, рекол уметникот.