Владејачката воена хунта на Мјанмар прогласи воена состојба во шест кантони во најголемиот град Јангон, по новите протести против воените власти за време на викендот, во кои загинаа најмалку 39 лица.
Државната телевизија МРТВ денес објави дека е воведена воена состојба во четири кантони во Јангон, а претходно минатата ноќ била воведена воена состојба во два од вкупно 33.
Најмалку 39 лица загинаа вчера, а десетици беа повредени во еден од најтешките денови на сузбивање на демонстрациите против воениот удар во февруари, според Здружението за помош на политички затвореници (ААПП), независна група која ги следи резултатите од насилството . Неколку проценки од други извори наведоа поголем број на жртви.
Услугата за мобилен интернет е прекината, комплицирајќи ги напорите за организирање нови протести и медиумско покривање, иако пристапот преку фиксен широкопојасен интернет е сè уште можен.