ВМРО-Народна: Владата да дозволи увоз и употреба на брзи ПЦР-тестови кои ќе се продаваат по маркетите

од Nikola Popovski
289 прегледи

ВМРО-Народна партија по третпат ја повикува Владата на Република Северна Македонија да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови.

„Ваквите тестови се продаваат во аптеките во скоро сите наши соседни земји, а како што разбравме, од неодамна во Германија таквите тестови можат да се купат и во маркетите.

Овие тестови покрај тоа што се многу поевтини, даваат и брза информација на секоја личност за неговата состојба со што се овозможува директен прекин на ланецот на ширење на заразата.

Со воведувањето на овие тестови македонскиот граѓанин може само да добие, а никако да изгуби“, стои во соопштението на партијата.

Слични содржини