Прабабата на принцовите Вилијам и Хари не ги распределила подеднакво парите кои ги оставила во наследството за нејзините правнуци. Според британските медиуми, од 18 милиони долари кои им ги оставила, принцот Хари добил значително повеќе.
Мајката на кралицата Елизабета поинаку ги распределила огромните милиони и според нејзината одлука можеме да претпоставиме кој бил нејзиниот „омилен правнук“.
Според Би-Би-Си, најголемиот дел од парите му припаѓаат на помладиот брат затоа што принцот Вилијам ќе има многу финансиски придобивки кога ќе стане крал.
Имено, принцот Вилијам ќе има поголема корист од Хари веќе во моментот кога нивниот татко, принцот Чарлс, ќе ја преземе улогата која моментално ја има неговата мајка.
Кога Чарлс ќе седне на кралскиот престол, Вилијам од него го презема приватниот имот, што вреди многу повеќе од она што им го оставила нивната прабаба.
Според извори од британските медиуми, принцот Чарлс заработува околу 20 милиони фунти годишно на недвижен имот на војводството, па дури и тоа богатство е занемарливо во споредба со она што го очекува принцот Вилијам кога ќе стане крал.
Значи, парите од нивната прабаба всушност можат да се сфатат како мала утеха за Хари, кому иднината, а особено сега, не му носи финансиска благосостојба како на неговиот брат.