Нови правила за влез во Турција: Задолжителна ДИГИТАЛНА РЕГИСТРАЦИЈА воведена за странски туристи

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Турција од денес воведе задолжителна електронска регистрација за странските туристи.

Пред да влезат во Турција, во рок од 72 часа пред патувањето, странските туристи мора да го пополнат електронскиот формулар на Министерството за здравство, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

Турските граѓани, лицата со дозвола за престој во Турција и патниците во транзит се изземени од обврската за електронска регистрација.