Претседателот на Црна Гора и Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, вечерва изјави дека резултатот од локалните избори во Никшиќ не е негов политички крај.
Тој за Телевизија Нова БиХ истакна дека ДПС е сè уште најсилната политичка партија во таа земја.
„Видовте дека тоа не се случи во овој случај, дека ДПС го подобри резултатот во однос на парламентарните избори и на тој начин ја објави својата стабилна улога на црногорската политичка сцена и нејзината водечка улога во претставувањето на европската иднина на Црна Гора и, верувам, нејзиното скоро враќање во владата на Црна Гора“, рече Ѓукановиќ, пренесуваат медиумите во Подгорица.
Тој оцени дека, од гледна точка на партијата, нема причина за незадоволство.
Вели дека на некој начин е логично само неколку месеци по победата на денешната владејачка коалиција, која ја чекаа 30 години, „еуфоријата на победникот е сè уште на сцената“ и дека мал број гласачи беа во можност рационално да го разликуваат квалитетот на извршувањето на власта во изминатите неколку месеци “.
Верува дека ова ќе следи во наредните месеци.
„Сепак, дојде до промена во структурата на поддршката добиена од државната владејачка коалиција“, рече Ѓукановиќ.