Кои земји во светот ја запреа вакцинацијата со АстраЗенека?

од Nikola Popovski
175 прегледи

Сè поголем број земји ја прекинуваат употребата на вакцината против корона на АстраЗенека поради загриженост од згрутчување на крвта.

Италија, Данска, Австрија, Естонија, Летонија, Литванија и Луксембург ја прекинаа вакцинацијата со Оксфордската вакцина од серија од еден милион дози, испратена во дури 17 европски земји. Ним им се придружија Бугарија, Норвешка, Исланд, Холандија, Ирска и, од денес, Германија и Франција.

Северниот италијански регион Пиемонт вчера објави дека привремено ќе ги суспендира вакцините АстраЗенека, откако по вакцинацијата починал учител од градот Бјела. Италија ја прошири забраната на целата нејзина територија.

Двонеделната суспензија во Данска дојде по извештаите за сериозни случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани со вакцината.

Данските здравствени експерти потенцираат дека во моментов „не е утврдено дека постои врска помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта“.

Употребата на вакцината АстраЗебеја е одложена во Тајланд и Јужна Африка.

Тајландските власти го одложија денешниот почеток на имунизација со оваа вакцина, повикувајќи се на загриженост дека вакцината предизвикала згрутчување на крвта кај некои луѓе вакцинирани во Европа.

Од друга страна, во Јужна Африка, употребата на оваа вакцина беше одложена уште во февруари, откако беше објавена студија за ограничена ефикасност на вакцината произведена од АстраЗенека против јужноафриканскиот вид на коронавирус.

Јужнокорејските власти на почетокот на март објавија дека истражуваат смрт на две лица кои имале хронични болести, откако медиумите објавија дека починале во рок од неколку дена по приемот на вакцината против коронавирус.

Слични содржини