Денес до Собранието, пратеничката група на опозициската ВМРО ДПМНЕ, поднесе интерпелација за министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што велат, на овој министер за зараза и смрт поважни му се провизиите на вакцините од животот на граѓаните.
„Причината е јасна наместо по потрага на вакцини, Власта беше по потрага на провизии, единствени сме во светот по најлошото стравување со корона кризата, Македонија е на 118-то место од 122 држави по број на вакцинирани, Филипче е најодговорен за катастрофалното справување на коронавирусот поради не следење на кластери, нема лекови, нема болнички кревети нема, нема респиратори, нема протоколи за лечење и движење на пациенти и има ненавремени и несоодветни мерки“, посочи пратеникот Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ.