601
„Причината зошто не можеме да обезбедиме кворум е затоа што имаме 4 пратеници од парламентарното мнозинство со Ковид-19“, извести пратеникот на СДСМ, Диме Велковски за петтиот пакет мерки за помош, кој што треба да влезе на гласање во Собрание.
Според него, тој се надева дека на 23-ти март ќе се стават неколку сет закони на гласање.
„Убеден сум дека потребно е да ги изгласаме овие мерки бидејќи се повеќе се потребни. Овој пакет мерки изнесува 160 милиони евра и има 4 главни столбови. Со ова ќе има поддршка на компаниите, се со цел да се зачувуваат работните места и да има поголема ликвидност, за да не се создаваат загуби“, вели Велковски.