Борисов се жали на неправедната дистрибуција на вакцини во ЕУ: „Ги исполнивме сите инструкции“

од Nikola Popovski
213 прегледи

Кога беше донесена одлука за почеток на вакцинација, на земјите од ЕУ им беше наредено да не преговараат за купување на руски и кинески вакцини.

„Ние ги исполнуваме сите инструкции. Ако се сеќавате, требаше истиот ден и истиот час (да започне вакцинацијата). Ние го исполнивме тоа и започнавме со вакцинација. Покрај тоа, ни беше речено дека земјите-членки треба да се воздржат од (купување) руски и кинески вакцини. Нарачавме четири – АстраЗенека, Џонсон, Модерна и Фајзер. Тоа ни го соопшти Комисијата“, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на прес-конференција по состанокот со премиерите на другите земји на ЕУ во Виена.

Премиерот се состанал во Виена со колегите од Австрија, Чешка, Хрватска, Латвија и Словенија, кои минатата недела испратија писмо до Европската комисија во врска со непочитувањето на пропорционалната дистрибуција на вакцините во согласност со нивната сопствена епидемиолошка состојба, па поради тоа сега треба да се договорат меѓу себе.

Според Борисов, тие секогаш верувале во европската солидарност и во одлуките на Европскиот совет. Тој потсети дека во мај 2020 година, тој и неговите колеги гласале за пропорционална дистрибуција на вакцини, по што на земјите од ЕУ им беа препорачани најдобрите можни опции.

„Нарачавме неколку милиони од секоја вакцина. Ниту една од компаниите не ги исполнува условите на договорот. Покрај тоа, како што може да се види од графиконите предложени од австриските колеги, тие не само што не го исполнуваат договорот, туку го кршат принципот на пропорционална дистрибуција за кој гласаше Советот“, рекол тој.

Слични содржини