Ужасна трагедија во Русија: 19-годишен хокеар почина по удар во главата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
477 прегледи

Спортска трагедија во Русија. Tри дена лекарите се бореа за животот на младиот руски хокеар Тимур Фајзутдинов (19), кој, за жал, почина вчера како резултат на тешките повреди на главата.

Страшната повреда се случи на натпреварот помеѓу младите тимови на Динамо од Санкт Петербург против Локомотива, во кој Тимур за време на еден дуел вил погоди со пак во главата.

Повредата на почетокот не изгледала толку сериозна, но ударот бил силен од непосредна близина. Тој имал кацига на главата, но таа само го покрива местото до неговиот нос, а пакот го удрил во незаштитениот дел.

Тој ја испуштил палката, се фатил за глава и падна на мразот, а набргу потоа се онесвестил.

Лекарите набрзо потрчале кон мразот, му го мобилизирале вратот и го однеле во болница. Бил хоспитализиран од саботата, но денес од таму ја соопштија неговата смрт.

Слични содржини