Денес ќе бидат отворени 14 нови пункта за откупот на вишокот тутун

377 прегледи

Денес ќе бидат отворени дополнителни 14 пункта за откуп на вишокот на тутун. Според најавите, на едниот од нив односно Црнилиште ќе биде присутен и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

„Откупот на вишокот треба да почне денеска. Ако сите фирми отворат, тутунот може да се преземе целосно. Но, за три дена не може со отворени десет ваги. Доколку се презема на 20 пункта со дневна динамика од по 100 тони, би требало да се откупи до 31 март како што е предвидено со законските измени“, посочи Стомнароски, претседател на Сојузот на тутунски здруженија за МИА.

Министерот Хоџа пак, пред неколку дена истакна дека со добра организација, за три дена можат да се откупат вишоците тутун кои изнесуваат околу 1.500 тони.

„Дневната динамика на откупот е околу 400 до 500 тони и поради тоа верувам дека за три дена може да се откупи вишокот. Работата е само да се воспостави добар систем. Убеден сум дека проблемот ќе го решиме и очекувам тоа да биде на најбезболен начин, со учество на сите откупувачи“, истакна Хоџа.

Слични содржини