Кара Делавињ зборуваше за нејзиното растење и за тинејџерските денови. Манекенката гостуваше во подкаст-шоуто на актерката Гвинет Палтроу.
„Пораснав во старомодно семејство, не познавав никого кој е хомосексуалец. Јас дури и не знаев дека тоа постои “, рече таа.
„Не бев свесна дека сум всушност хомофобична. Помислата да бидам со партнер од ист пол ме згрозуваше“.
Таа се потсети и на тешките мисли од нејзината младост.
„Се сеќавам на тешката депресија и самоубиствените моменти во мојот живот затоа што ми беше срам да бидам геј. Но, тоа е сега дел од мене што го сакам и прифаќам “, објасни таа.
Денес, Кара се идентификува како пансексуалец, ја привлекуваат луѓе без оглед на полот и сексуалната ориентација.
Иако прифаќа дека ја привлекуваат и жени и мажи, таа ја опишува нејзината сексуалност како нешто што постојано се менува.