Филипче би се вакцинирал со „АстраЗенека“

од Берта Китинска
346 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека тој би се вакцинирал и со „Астра Зенека“ и тврди дека во земјава ќе бидат увезени безбедни вакцини.

„Наши експерти ги следат сите информации, а ќе се раководиме од официјални информации на ЕМА и на други агенции. Едно можам да кажам со сигурност дека кај нас сите вакцини ќе бидат безбедни. Ќе ги чекаме препораките од ЕМА и ќе се водиме по нив. Во земјава се користат само безбедни и проверени вакцини. Јас немам дилема лично да се вакцинирам со оваа вакцина Нашите последни информцаииции се дека Фајзер го подигна нивото на внимателност, истото се однесува и на Системот за солидарност од каде ќе се бараат построги критериуми за безбедност “, рече Филипче.

Слични содржини