Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски најави дека опозицијата во Законодавниот дом ќе ги поддржи законите врзани за петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и компаниите поради Ковид кризата.
Сепак, потенцира и дека владејачкото мнозинство треба да инсистира истите да бидат ставени на дневен ред побрзо, а не да се чека до закажаната седница на 23. март.
„Ние ќе ги поддржиме овие закони дури и во ваква форма каква што се. Многу повеќе треба да се издвојува за компаниите. Ненавремената реакција ќе има далекусежни реперкусии за економијата. Ние како опозиција постојано ја поддржуваме економијата, а а бидејќи во овие закони има помош за граѓаните, го повикуваме мнозинството побрзо да се достават на дневен ред. Седницата е тек следната недела, а загрижува таа неагилност“, посочи Муцунски.
Опозицијата деновиве е актуелна со блокирањето на Собранието со еден куп на амандмани, а Бектеши ја повика опозицијата да ги поддржат и другите закони од четвртиот пакет на економски мерки.