Рашковски објасни зошто го одбрал Мексико како место за одмор

од Nikola Popovski
305 прегледи

Владиниот секретар Драги Рашковски изјави дека одморот во Мексико му бил планиран пред неколку месеци и дека цените на хотелите никогаш не биле пониски.

„Искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра“, изјави Рашковски за ТВ 24.

Рашковски, кој работи како секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма деновиве е актуелен во јавноста дека како генерален секретар на Владата набавил софтвер кој, иако платен, не е ставен во функција, а МВР, каде што треба да се користи, се изјасни дека не му треба. Но случајот не застана тука, туку клопчето се одмота до таму што софтверот кој го набавил Рашковски е оној што тој самиот го создал, а тоа, и покрај неговите негирања вчера, го потврди Националната асоцијација на иноватори која застана во негова одбрана.

Во меѓувреме, се појави информација дека Рашковски со семејството пред неколку дена од скопскиот аеродром заминал за Мексико, што и тој самиот вчера го потврди, објаснувајќи дека е на одмор до 31 март.

Слични содржини