221
„И на аеродром да се сретнат определени политичари, тоа е однапред договорено. Меѓутоа, изјавата на Борисов е симптоматична, со оглед на тоа дека тој зборува за заеднички херои меѓу двете земји“, вели професорката Наташа Котлар од Институтот за националната историја, за емисијата „Само вистина“.
Според неа, станува збор за една флоскула која што не е добредојдена ако немате подготвена добра надворешно-политичка стратегија.
„Многу ме интересира на кои заеднички херои мисли Борисов, бидејќи историски гледано, многу често во однапред определени услови, ни е овозможено создавање или зреење на двата народи и јазици“, смета професорката.