Сари и натаму без ангажман: Не му е лошо што Јувентус му плаќа цело богатство

264 прегледи

62-годишниот Маурисио Сари  останува невработен откако беше отпуштен во Јувентус минатото лето.

Освојувањето на Скудетото не беше доволно во неговата дебитантска сезона за италијанскиот тренер и на 8 август тој мораше да ја напушти клупата.

Италијанските медиуми пишуваат дека Сари сепак има договор со Јувентус до летото 2022 година и дека Јувентус редовно му плаќа пари. Сари според договорот ќе заработи 17,3 милиони евра и затоа не брза да најде нова работа.

Во тој случај, тој ќе мора целосно да раскине со Јувентус, па затоа ќе треба да се договори за помала отштета.

Слични содржини