Вкупно во апликацијата за самопопишување до денес регистрирани 77.122 лица од дијаспората

343 прегледи

Заклучно со денешниот ден, преку апликацијата за самопопишување се регистрираа вкупно 77.122 лица.

За потсетување, процесот на самопопишување почна на 1. март со попис на дијапспората по електронски пат, додека од 1. до 21 април кога и официјално ќе се заврши пописот, ќе се попишува физички населението кое живее во С.Македонија.

Од 1 март д 15 март се попишуваа и вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Северна Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Пописот на населението во земјава ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година. Државниот завод за статистика објави и дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат
во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, за кој заинтересираните кандидати треба да се пријават до 20 март 2021 година.

Слични содржини