497
Пејачката Андријана Јаневска на својот Инстаграм профил сподели фотографија од неа, Каролина и од Тоше, од Сиднеј, пишувајќи за времето кога другарството беше најважно.
„Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше“, напиша Андријана на својот Инстаграм профил.