Тврдењата на Меган Маркл дека нејзината јатрва Кејт Мидлтон ја расплакала на денот на нејзината венчавка го налути принцот Вилијам, бидејќи наследникот на британската круна наводно е најчувствителен кога се работи за неговата сопруга и е многу заштитнички настроен кон неа.
Имено, кралското семејство тврди дека се случило спротивното – дека Меган ја расплакала Кејт на денот на нејзината венчавка со принцот Хари.
„Грдиот говор на Меган за Кејт е како да го напаѓа принцот Вилијам лично. Вилијам е многу заштитен кога станува збор за Кејт и може многу да се налути ако некој ја допре“, изјави кралскиот биограф Пени Џуниор за People.
„Меган и Хари знаат дека Кејт нема овластување јавно да одговори на овие тврдења и затоа тие го рекоа тоа“, тврди кралската експертка Кети Никол, додавајќи дека Кејт е многу внимателна во односот со другите луѓе.
Никол, исто така, вели дека вакво нешто е сосема некарактеристично за војвотката од Кембриџ и дека Кејт е многу повредена од тврдењата на нејзиниот зет и јатрвата.