189
Британскиот премиер Борис Џонсон денес изјави дека вакцините на Оксфорд/АстраЗенека и Фајзер против ковид-19 кои се користат во Велика Британија се безбедни и дека тој ќе биде вакциниран со вакцината на Оксфорд.
„Оксфордската вакцина е безбедна, вакцината на Фајзер е безбедна. Она што не е безбедно е заболувањето од ковид, поради што е толку важно сите да ја примаме вакцината веднаш штом ќе дојде нашиот ред“, рече Џонсон на прес-конференција во Даунинг Стрит, пренесе „Ројтерс“.
„Се покажа дека јас мојата вакцина ќе ја добијам утре, а центарот каде што ќе ме вакцинираат во моментов ја користи вакцината на Оксфорд/АстраЗенека и тоа е онаа која ќе ја примам“, рече Џонсон.