Полициски претрес: Пронајден полуавтоматски пиштол и 25 куршуми кај жител на Рашче

од Nikola Popovski
267 прегледи

Скопското основно јавно обвинителство ќе спроведе истрага против 34-годишник од селото Рашче поради сомнение за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Како што информираат од обвинителството, на 17 март, во својот дом во селото, осомничениот држел полуавтоматски пиштол „застава М57“ со калибар 7,62Х25 милиметри и 25 куршуми од тој калибар.

Оружјето и муницијата му биле пронајдени и одземени при полициски претрес на домот.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување притвор поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.​

Слични содржини