Карди Би ја продолжи караницата со конзервативната коментаторка и активистка Кендис Овенс на Твитер.
Да потсетиме, Овенс рече дека настапот на Карди Би и Меган Ти Сталион на овогодинешните Греми награди ги ослабува американските социјални вредности и го карактеризира како корозија и крај на Американската империја.
„Овде всушност гледаме уништување на американските вредности и принципи, тоа е страшно. Родителите треба да бидат исплашени“, рече таа.
Карди најпрво ѝ се заблагодари за уште поголемата гледаност на перформансите на WAP на YouTube, што автоматски значи поголема заработка за неа, а од таму се тргна на полошо.
Навредите започнаа од двете страни на сметка на семејството и наводното неверство на сопрузите, а во еден момент Овенс напиша дека Карди се експлоатира за да ги охрабри младите жени да се лишат од достоинството, што за Карди се чинеше дека ја преминува границата.
„Не! Кенди, мажите се однесуваат кон жените онака како што тие им дозволуваат. Погледни ја Меланија Трамп, таа беше порно sвезда, но сепак не му дозволи на Трамп да се однесува така кон неа или да ја посрамоти за нејзиното минато. Таа стана прва дама и мајка на своето дете“, одговори Карди Би со објавување на фотографија на која Меланија Трамп е гола
Таа фотографија е направена во 1996 година и е објавена во еден француски магазин една година подоцна.
Кендис Овенс најави тужба против Карди Би затоа што во расправијата рече дека сопругот на Кендис ја изневерил со нејзиниот брат. Овенс тврди дека ова е чиста измислица и дека Карди ќе мора да оди на суд поради тоа.