Мурињо по поразот во Загреб: Како се случи ова? Добро прашање…

од Stefanija Kuzmanovska
422 прегледи

Тотенхем го заврши настапот во Лига Европа, загуби шокантно во Загреб од Динамо, па тренерот на „петлите“, Жозе Мурињо не криеше дека е разочаран од играта на неговиот тим.

“Како се случи тоа? Добро прашање. Ако ги заборавиме последните 10 минути од дополнителното време, во останатите 105 имаше еден тим кој даваше сè на теренот. Пот, крв, па дури и солзи радосници. Динамо беше скромен, посветен и може само да му честитам. Тоа и го направив“, рече Мурињо.

„А мојот тим, повторувам – мојот тим …, ми се чинеше дека тој не игра важен меч. Ако на никој од нив не му беше важен, секој натпревар е важен за мене, а исто така и за секој навивач на Тотенхем. За вакви натпревари треба да имате став, ние го немавме и затоа сум многу тажен. Не ја почитувавме нашата работа. Сега не ми требаат зборовите на другите за да знам што се случи. Не сакам да кажам повеќе од она што го реков, можам само да им се извинам на навивачите, се надевам дека момците мислат исто“, додаде Португалецот.

Слични содржини