242
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека бројката на новозаболени денеска е нешто помала, односно дека е под 1000, додека преходните неколку дена имаше над 1200.
-Очекуваме во наредните денови ситуацијата да оди во таа насока и да се стабилизира и полицисккиот час кој беше воведен пред 10 дена да даде резултат.Ја следиме ситуацијата. Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции ако има потреба за тоа, но засега сметаме дека нема потреба од тоа. Доколку има потреба следни чекори би биле зголемување на траење на полицискиот час и намалување на работното време на угостителските објекти, рече Филипче.
Тој сметаат дека полицискиот час ќе даде резултат кон крајот на неделата, односно две недели од воведувањето.