Министерката за правда на Република Србија Маја Поповиќ, министерот за правда, човекови и малцински права на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата во Република Северна Македонија Билјана Ивановска потпишаа договор за размена на податоци за целта на проверка на искази за имот. Ова е прв пат да се потпише ваков договор во регионот.
– Борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од приоритетите во работата на Владата на Република Србија. Нашата земја е целосно посветена на процесот на европска интеграција, односно свесна за неопходноста од суштински и темелни реформски процеси од областа на правдата и основните права, како и од областа на борбата против корупцијата – потенцира министерот Поповиќ.
Претставникот на Северна Македонија, претседателката на ДКСК, Ивановска, рече дека со потпишувањето на овој меѓународен договор се отвора нова можност за проверка на податоците за имотот и интересите на службените лица надвор од нивната матична земја, и дека тоа е првиот чекор кон откривање на незаконски стекнат имот кој се пренесува или купува во странство.
Министерот за правда, човекови и малцински права на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, во оваа пригода рече дека овој договор има за цел да придонесе за спречување на корупцијата преку директна административна размена на податоци во врска со пријавениот имот меѓу страните потписнички.
– Факт е дека често се случува лицата да префрлаат имот во друга држава со цел да го заобиколат законот, затоа е од особено значење да се развијат механизми за подобрување на размената на податоци што може да упатуваат на такви незаконски активности, додаде тој.
Владан Јоксимовиќ, директор на Секретаријатот на регионалната иницијатива за борба против корупција, кој го подготви потпишаниот договор, смета дека денешната церемонија претставува почеток на нова и директна форма на меѓудржавна соработка меѓу земјите потписнички за да се обезбеди транспарентност и зајакнување на интегритетот на јавните службеници .
– Со потпишувањето на овој договор, делегациите на Црна Гора, Република Северна Македонија и Република Србија уште еднаш ја покажаа суштинската посветеност на нивните земји во борбата против корупцијата и зајакнувањето на соработката во регионот – рече тој по потпишувањето.
На церемонијата на потпишување присуствуваше и Џорџ Става, аташе за правда на Австриската амбасада во Србија.