Се уште се усогласува договорот за вакцините на „Фајзер“

од Берта Китинска
160 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека дополнително барање во однос на договорот со Фајзер стигнало пред три дена од компанијата.

„На 30 декември имавме комуникација, кога ни потврдија дека ги исполнуваме условите за да потпишеме договор и оттогаш траат тие разговори. Имаат специфични барања за усогласување на условите за да се внесе вакцината тука, сега имаат и дополнителни барања. Ние го потпишавме договор и го вративме. Сега има некое дополнително барање од пред три дена, за одговорноста при евентуални несакани ефекти, има некои специфични барања и чекаме повратна информација“, рече Филипче.

Слични содржини