Рашковски: После одморот, ги чекам ВМРО-ДПМНЕ и Чулев на дебата за тоа што ме обвинуваат

од Nikola Popovski
438 прегледи

„Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели. Ќе заврши мојот ако после се може да се нарече одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За сè што до сега ме обвинуваа“, соопштил поранешниот генерален секретар Драги Рашковски во писмена изјава за ТВ Канал 5, околу целата ситуација со набавката на софтверот, за која вчера Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека отворило предистрага по допрен глас.

Поранешниот технички министер за внатрешни Наќе Чулев претходно се огради и кажа дека кога тој бил на функција во ниту еден момент не бил информиран дека Генералниот секретаријат со кој раководеше Рашковски набавил софтвер за детектирање на сообраќајни прекршоци, а кој бил за потребите на МВР.

Рашковски синоќа порача дека вистината за набавката на софтверот треба да ја откријат институциите.

Самиот тој лично развил софтвер за ваков начин на изрекување на сообраќајни казни пред да купи ваков софтвер од позиција на генерален секретар на Владата. Освен обвинителството и Антикорупциска оформи предмет за набавката на софтверот бидејќи бил купен, а полицијата воопшто и не го користи.

Слични содржини