Се огласи Бајден: Ќе разговарам со Путин „во одреден момент“

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Како одговор на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин да се одржи дијалог, американскиот претседател Џо Бајден рече дека во догледно време ќе стапи во контакт со него во одреден момент.

„Сигурен сум дека ќе разговараме во одреден момент“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа, имајќи предвид контакт со Путин.

Да потсетиме, американскиот претседател во интервју за „Еј-Би-Си“ во средата рече дека руското раководство ќе мора да ја „плати цената“ во врска со обидите за мешање во американските избори, кои ѝ се припишуваат на Москва. Покрај тоа, шефот на Белата куќа потврдно одговори на прашањето дали го смета Путин за „убиец“.

Во меѓувреме, Москва го повика својот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, на консултации и преглед на односите со Америка.

Слични содржини