Шерон Стоун: Ме измамија да ги соблечам гаќичките

од Stefanija Kuzmanovska
635 прегледи

Во своите мемоари The Beauty of Living Twice, актерката Шерон Стоун зборува за непријатностите кои ги доживеала во нејзината кариера и призна дека снимањето на филмот Basic Instinct ѝ било особено тешко.

Актерката тврди дека за снимање на култната сцена во филмот со прекрстени нозе, ја измамиле за да ја соблече долната облека. Шерон, која имала 32 години за време на снимањето на филмот, навела дека ѝ било ветено дека нејзините интимни делови од телото нема да бидат видливи во кадарот.

Таа додава дека сфатила дека договорот не бил почитуван кога ја видела последната верзија на филмот во просторија полна со агенти и адвокати, од кои повеќето немале никаква врска со проектот.

„Така ја видов мојата вагина за првпат откако ми рекоа: ‘Ништо нема да се види, треба само да ги соблечете гаќичките, бидејќи белата боја ја рефлектира светлината, па затоа знаеме дека имате гаќички’. Да, имаше многу сфаќања на оваа тема, но бидејќи јас сум таа со вагината, можам само да кажам дека сите други сфаќања се чисто сра*е“, напиша таа.

По гледањето на филмот, Стоун вели дека му удрила шлаканица на режисерот Пол Верховен, отишла до нејзиниот автомобил и го повикала адвокатот Марти Сингер.

Сингер, наводно, ја известила дека според правилата на здружението на актери, филмот не може да биде вака снимен, бидејќи не било легитимно да се снима сцената на таков начин.

„Го информирав Пол за можностите што ми ги претстави Марти. Се разбира, тој остро негираше дека воопшто имам избор. Јас бев само актерка, само жена, каков избор би можел да имам? Но, имав избор. Мислев и размислував и решив да ја пуштам сцената од филмот во етерот. Зошто? Затоа што беше исправно за овој филм и за ликот, и конечно затоа што го сепак го сторив тоа“, заклучи Стоун.

Слични содржини