Братот на Буба Корели ранет во пукање?

од Stefanija Kuzmanovska
416 прегледи

Едно лице е рането во синоќешното пукање во Алипашино Поље, а босанските медиуми неофицијално наведуваат дека станува збор за братот на славниот рапер Буба Корели.

„Околу 19.30 часот на локалитетот Алипашино Поље, на подрачјето на општина Нови Град Сараево, непознато лице користело огнено оружје, а по тој повод едно лице било повредено и му било потребно укажување на лекарска помош. Полицијата работи на откривање и пронаоѓање на лицето кое користело оружје и се оддалечило од местото на настанот. Тоа е сè што можеме да кажеме во овој момент “, изјави за „Oslobođenje“ Мирза Хаџиабдиќ, службеник на Канцеларијата за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи на КС.

Неофицијално, медиумите наведуваат дека бил ранет Ренато Микач, братот на босанскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат под псевдонимот Буба Корели.

Засега не се познати мотивите за пукањето.

Слични содржини