Која е разликата помеѓу љубовта и страста?

од Stefanija Kuzmanovska
419 прегледи

Љубовта и страста лесно се мешаат, а оние што ја почувствувале на своја кожа знаат дека страста многу брзо гори…

Често се случува да сме збунети од сопствените чувства и навистина не знаеме како се чувствуваме кон личноста со која сме во врска. Дали е тоа миновна авантура, врска полна со страст или вистинска љубов? Многу луѓе мислат дека ако нивниот сексуален живот е одличен, тоа ќе доведе до квалитетна и силна врска, но за врска е потребно многу повеќе од тоа, пренесува „Аваз“.

Љубовта се покажува со дела
Замислете ја ситуацијата. Доаѓате дома после работен викенд, а станот е во хаос. Вашиот партнер не бил на работа, но не му паднало на памет да среди малку. Толку уморни почнувате да чистите, и откако ќе изчистите сè, тој ќе ви каже дека сте најдобри. И тој почнува да ве бакнува, милува, ве носи во спалната соба… тоа е страст! Вистинска љубов е кога мажот чисти наместо вас затоа што знае дека ќе си дојдете дома истоштени. Или барем ви помага во домашните работи.

Љубовта не се покажува само на социјалните мрежи
„Мојата љубов е најдобра на светот, мојата среќа ме носи во Париз, моето ова, моето она“… Сите знаеме барем еден пар кој скоро секој ден објавува дека ја обожава својата единствена, а додека се заедно, таа проверува колку лајкови добил емотивниот статус. Се разбира, убаво е да споделувате заедничка фотографија од време на време, па дури и статус посветен на вашиот партнер, но дека целиот тек на вашата врска може да се види на социјалната мрежа, сепак е малку премногу. Експертите тврдат дека оние кои постојано покажуваат љубов на овој начин се всушност инертни во реалниот живот и веруваат дека нема потреба од напор и можеби од купување на вистински цвеќиња, доколку веќе испратиле виртуелни…

Љубов е кога размислувате за иднината
Ако планирате одмор и ако во ниту еден момент не ви паднало на ум каде вашиот партнер би сакал да оди, тогаш можеби тоа не е „тоа“. Љубов е кога таа личност ја вклучувате во вашите планови. Без разлика дали станува збор само за излегување или за селидба, нивното мислење е важно за вас.

Важноста на изгледот
Ако ви се допаѓа изгледот на таа личност дури и наутро кога ќе се разбуди од спиење, тогаш тоа значи дека има нешто многу повеќе од само страст. Кога станува збор за страста, нечија убавина може да нè фасцинира и тогаш може да се случи целосно да го игнорираме карактерот на таа личност.

Кога станува збор за страст нема да го покажете своето вистинско лице. Ќе ги скриете своите маани и ќе ја убедите другата личност на секој начин дека сте совршени. На почетокот на врската сите се покажуваат во најдобро светло, но по некое време, доста е од преправања и ние само сакаме да бидеме тоа што сме. Ако другата личност не прифати повремена маана и се повлече веднаш штом се појави проблем, тогаш тоа е причина за тревога.

Слични содржини