Бугарија за 3 месеци отворa фабрика за вакцини

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека за три месеци ќе се гради нова фабрика на компанијата „Биовет“ во Разград, северо-источно од земјата, во која ќе се произведуваат вакцини против Ковид-19, но и вакцини за ветеринарна употреба.

БТА известува дека Борисов денес ги посетил работите за изградба на нов производствен погон во Разград, во кој компанијата „Биовет“ инвестирала околу 60 милиони евра, а снимката од посетата е објавена на неговата Фејсбук страница.

Борисов објави дека ја информирал Европската комисија за планираните излезни капацитети на идната централа, нејзината опрема и технички карактеристики, како и дека овој инвестициски проект „Биовет“ во Разград, вреден вкупно 200 милиони евра, ќе создаде 350 нови работни места.