На социјалните мрежи кружи видео од познат супермаркет во Романија, на кое се гледаат клиенти среде пандемија на коронавирус, како се забавуваат на техно музика.
Се што им беше потребно имаа на едно место – звучник, алкохол, храна …
Тоа би било во ред (иако не што се однесува до околината) да не беше опасната пандемија на вирусот.
Сепак, се чини дека годината на карантин беше тешка за многумина, особено за „журкаџиите“.