Три четвртини од оние кои починале од вирусот Ковид-19 го имале вирусот во срцето, покажа најновото истражување на срцевото ткиво, пренесува Танјуг.
Според американското научно списание „Science.mag“, жртвите имале абнормални срцеви аритмии пред да починат.
Оваа најнова студија, се вели, нуди увид во тоа како болеста може да го оштети срцето и како одредени третмани можат да помогнат да се спречи фатален исход.
Научниците собраа доволно докази за оштетување на срцето кај пациенти со коронавирус, а докажано е дека кај некои пациенти имало зголемено ниво на тропонин, молекула што се ослободува во крвта кога ќе настане срцево оштетување.
Некои добиле воспаление на срцевата кеса што го опкружува срцето, а имало и воспаление на самото срце. Сепак, не е јасно дали овие проблеми биле предизвикани од вирусот кој го нападнал срцето директно или се е поради хиперактивниот имунолошки одговор .
Студијата е извршена во Општата болница во Масачусетс, на околу 1.000 парчиња срцево ткиво и била извршена на повеќе од 20 примероци од 41 пациент.
Како што се наведува, вирусот е присутен во 30 срца.