Пандов: Жал ми е што не сум во затвор

од Vladimir Zorba
367 прегледи

„Браќата кои што се не само во Штипскиот, туку и во останатите македонски затвори, тие тоа го покажаа и во 2001-ва година и 2017-та година. Нивниот грев во што се состои. Во тоа што тие ја љубат и ја сакаат Република Македонија. Можеби нешто повеќе од нас останатите. Мене искрено ми е жал што не се наоѓам сега заедно со нив таму во затвор, бидејќи мислам дека многу полесно ќе го истрпев овој црн период на национално, на секакво понижување што ни го прави Зоран Заев“, изјави денеска претседателот на Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов на протестот пред КПУ, Казнено-поправен дом Штип.

Протестот се одржа под мотото „Собир за слободатa“, а Пандов посочи дека се собрани пред се да им искажат доверба и дадат поддршка на уставобранители.

„Сите ние, кои што им даваме поддршка знаеме јасно дека тие за ништо друго освен само за тоа што пружија отпор на заевите политики се наоѓаат сега внатре. Беа во право кога тврдеа дека ќе биде променет Уставот на Република Македонија, беа во право кога говореа дека Македонија ќе стане двојазична земја, веројатно како бонус ни на сон, ниту во најцрниот сон, ниту тие, ниту ние овде присутните не верувавме дека Зоран Заев ќе се дрзне до таму да не бугаризира, да брише македонската историја и да докажува заедно со неговите коалициони партнери Каракачанов и Захариева дека сме Бугари“, вели Пандов.

Слични содржини