404
Повредени се шест лица во експлозија на плинската боца која се случила вчеравечер во викендица во селото Матејче во општина Липково.
-Во 21.45 ч. во с.Матејче на м.в.Матејачки колиби во викендица, при експлозија на плинска боца со ТТП се здобиле лицата:С.С.(1987), В.И.(1990), Н.Н.(1990), З.С.(1994), М.Н.(1977) и Б.Ш.(1985) кои од ОБ-Куманово се препратени во КЦ-„М.Тереза“ Скопје, информираат од МВР.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Лани на 23 февруари во куќа во Романовце експлодира плинска боца, а во несреќата животите ги изгубија три деца од семејството Алими, а уште неколкумина повозрасни им подлегнаа подоцна на повредите.