Бразилскиот претседател со нова шокантна изјава: Ги нарече „тирани“ гувернерите кои воведоа локдаун

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ги нарече „тирани“ федералните гувернери и градоначалници кои воведоа блокада за да се потисне ширењето на коронавирусот.

На обраќањето на неговиот роденден во Бразил, тој рече дека неговата влада направила се што може и дека е време повторно да се отвори економијата, пренесува Би-Би-Си.

Болсонаро, кој вчера наполни 66 години, се спротивставува на мерките за карантин уште од почетокот на пандемијата, нагласувајќи дека штетата што тие ќе ѝ ја нанесат на економијата ќе биде поголема од ефектите на коронавирусот.

Тој уште од самиот почеток ја минимизираше сериозноста на вирусот, нарекувајќи го „мал грип“.

На почетокот на овој месец, Болсонаро им порача на Бразилците да „престанат да се жалат“ поради пандемијата.

Бразил бележи рекордни дневни бројки на нови инфекции и смртни случаи во последните неколку недели, а најголемиот здравствен институт „Фиокурз“ предупреди дека здравствениот систем е пред колапс.

Слични содржини