Објавен венчалниот документ кој докажува дека Меган ја излажа Опра

од Stefanija Kuzmanovska
670 прегледи

Една од шокантните изјави на Меган Маркл во познатото интервју со Опра Винфри беше дека таа се омажила за принцот Хари дури три дена пред венчавката и официјалната церемонија проследена од целиот свет, но сега во јавноста протече документ кој јасно докажува дека тоа е лага.

Станува збор за нивниот венчален документ, што британскиот „Мирор“ го доби од Управата за водење матични книги. Тој потврдува дека формалностите се случиле на 19.05.2018 година во дворецот Виндзор. Официјалното лице кое ја изготвило лиценцата за брак за Меган и Хари, вели дека војвотката очигледно е малку збунета во врска со бракот бидејќи изјавила дека тие се венчале во нивниот двор три дена пред споменатиот датум.

„Жал ми е, но Меган е очигледно збунета и дезинформирана. Тие не се венчаа три дена порано пред надбискупот од Кантербери. Специјалната дозвола која помогнав да се состави им овозможи да имаат венчавка во капелата Свети Џорџ во Виндзор, што се одржа на 19 мај 2018 година, што ја виде целиот свет и која беше официјална венчавка, признаена од Црквата и Законот. Претпоставувам дека претходно тие можеби размениле некои едноставни завети кои самите ги напишале и ги кажале пред надбискупот, но тоа веројатно била обична проба“, изјави поранешниот канцелариски службеник Стивен Бортон за „Сан“.

Меган ја изненади публиката кога ја откри наводната вистина за нивната венчавка пред Опра.

Слични содржини