Проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ од Институтот за македонска литература изрази благодарност до министерката за образование, Мила Царовска за нејзините заложби и придонес во решавањето на деценискиот проблем со вработувањата во Институтот.
„Одобрувањето за вработување на 10 лица, од кои седум соработници истражувачи, двајца административни работници и едно техничко лице за нас значат огромна поддрѓка во остварувањето на научноистражувачката и високообразовна дејност во подолг временски период“, вели Јакимовска Тошиќ.
