Творецот на вакцината на Фајзер прогнозира крај на пандемијата: „Ќе има мутации, но нема да не плашат“

од Stefanija Kuzmanovska
409 прегледи

Угур Сахин, основачот на компанијата BioNTech, која во соработка со Pfizer прва разви вакцина против коронавирусот, посочи дека верува оти повеќето европски земји и САД ќе успеат да го стават вирусот под контрола до крајот на летото.

„Во многу европски земји и САД, до крајот на летото повеќе нема да бидат потребни општи затворања“, рече тој за Welt am Sonntag.

„Ќе доаѓа до избувнувања на вирусот, но тоа ќе биде шум во позадина. Ќе има мутации, но нема да не плашат“, додаде тој.

Сахин се осврна и на фактот дека владите на земјите од Европската унија се мета на критики заради проблеми во набавката на вакцините и бавната вакцинација. Тој посочува дека станува збор за привремени потешкотии, како и дека верува дека е можно да се вакцинираат 70 отсто од Германците до крајот на септември.

Да потсетиме, досега во Германија, барем една доза од вакцината примиле 9 отсто од популацијата, додека во Велика Британија, над 50 отсто од популацијата ја примиле првата доза.

Слични содржини