ОЈО: Предмет против 22 лица кои учествувале во тепачката во Струмица

од Nikola Popovski
194 прегледи

Основното јавно обвинителство Струмица отвори предмет против 22 лица, кои биле учесници во тепачката која се случи на 18 март 2021 година во центарот на градот.

Според постапката, дд осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 , а останатите десетмина за сторено кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица во континуитет презема дејствија за расчистување на настанот. Издадени се наредби за вештачење, за прибирање на медицинска документација и други материјални докази. Во насока на утврдување на фактите во предметот, ќе бидат сослушани осомничени и сведоци, односно повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот“, велат од ОЈО Струмица.

Пред неколку дена се појави снимка на социјалните мрежи на која се гледаше како десетина луѓе брутално тепаат еден чивек во центарот на Струмица.

По тепачката, Aлександар Трајков, познат како Сашко Сали, кој е телохранител на претседателот на СДСМ, Зоран Заев,  се огласи на својот Фејсбук профил и ги демантираше пишувањата на некои медиуми дека тој бил вмешан во бруталната тепачка што се случи денеска во центарот на Струмица.

„Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. Попатно, распрашувајќи се за настанот, добив информации дека ‘нападнатите лица‘ на видео снимката не биле само двајца туку биле дваесетина души од село Баница. Истите претходно извршиле напад на вработени во казино со дрвја, камења и со ладно оружје“, напиша тој на социјалната мрежа.

Слични содржини