Велика Британија ја намалува својата армија: Наместо војници, ќе има роботи и дронови

од Nikola Popovski
319 прегледи

Велика Британија ќе ја намали својата професионална армија за околу 10.000 припадници, а во ерата на сајбер војна, нивните работни места ќе бидат преземени од роботи и беспилотни летала, објави Министерството за одбрана. По завршувањето на реформата, Велика Британија ќе има околу 70.000 професионални војници.

Како дел од реформата, армијата ќе остане без одреден број тенкови и авиони, но бројот на бродови, подморници и морнари ќе се зголеми, се наведува во соопштението, пренесува BBC.

Кога ќе заврши реформата, Велика Британија ќе има околу 70.000 професионални војници. Во јануари годинава имала 80.010, а во октомври 2015 година 86.080.

Министерот за одбрана Бен Валас за Би-Би-Си рече дека донел одлука за намалување на бројот на војници поради зголемениот воен буџет, додека лабуристите оцениле дека тоа е сторено и покрај зголемените закани со кои се соочува Велика Британија.

Најавеното намалување на бројот на војници може да се изврши на таканаречен природен начин, за да не бидат ангажирани нови луѓе наместо оние кои се пензионираат или ја напуштаат армијата од други причини.

Слични содржини