Цаноски ги повика граѓаните: Не го бојкотирајте пописот, ова е почеток на европскиот пат кон иднината

од Nikola Popovski
388 прегледи

Бизнисменот и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски ги повика граѓаните да не го бојкотираат пописот.

„Слобода на изразување, правдата и реален попис на населението се предвесници дека промените се случуваат, и почеток кон Европски или поцивилизиран пат кон иднината. Сите сме исти и сите сме различни, но за мене има два типа на народ: Оној кој не се држи заедно и сака да види црнила и песимизам, и оној кој знае како да се држи заедно и гледа со светлост и перспектива“, истакнува тој.

Според него, торбешите се Македонци-муслимани, кои говорат на македонски јазик.

„За некого Терминот „Торбеши“ во некои случаи има негативна и погрдна конотација. Специфични по неколку особини и познати како вреден и чесен народ. Тажна е судбината на овие наши луѓе ако се погледне низ минатото. Во историјата многу фамилии се отселени, претежно во братска Турција во Европа и Америка. Низ истите региони и ден денес ќе најдете полупразни села. И ден денес со светлосна брзина, овој народ се иселува или сака да се отсели. Порано можеби причините и околностите биле различни. Денес и многу од нив слични. И не дека нешто ќе се промени во оваа насока за брзо време, но овој народ има можност да го исполни Аманетот на генерации и да биде почитуван и каков што е, признат или свој на своето. Тој сон според мене може да се исполни само и само ако ги има стокмено и во една графа се попишани како:( торбеши/ помаци/ горанци/ мак. Муслимани, туркбаши и сл.) , називи кои карактеризираат една и иста група на народ со специфична различност и со карактеристична посебност во делот на обичаи, носии, култура – од дримкол до Гора и од Дојран до Река. Народ кој говори чист македонски јазик, голем дел зборува турски и албански јазик, народ кој бескрајно си ја сака својата татковина. Во Македонија живееле моите предци, јас живеам и планирам да живеам, и се надевам дека моите идни генерации и натаму ќе живеат, креираат и работат овде во нашава земја“, стои во Фејсбук-статусот на Цаноски.

Пописот на резидентното населние во земјава ќе се одржи од 1 до 21 април.

Слични содржини