Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека вакцинирањето на руските граѓани против корона е приоритетна задача.
„Едно е производство на странски платформи, за странски потрошувач, а друга работа е да се обезбеди потребниот обем на производство во рамките на земјата “, рече Путин на состанокот со производителите на вакцини.
Тој посочил дека примарна цел е вакцинирање на рускиот народ.
„Сакам уште еднаш да истакнам дека задача број еден за вас е да го вакцинирате нашето население, нашиот народ против таа инфекција“, рече претседателот.
Претходно рускиот лидер објави дека има намера да се вакцинира против коронавирусот во вторник.
„Вакцинацијата е, се разбира, доброволен избор на секоја личност. Лична одлука на секоја личност. Имам намера да го сторам тоа утре“, рече Путин на седницата по повод вакцинацијата против вирусот корона.
За потсетување, првата вакцина против вирусот регистрирана во светот е руската вакцина „Спутник Ве“ (Спутник V), која е изработена од Институтот „Гамалеја“.
„ЕпиВакКорона“ е втора од трите вакцини регистрирани од Русија. Вакцината е произведена од Државниот научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“. Русија има уште една регистрирана вакцина – „КовиВак“ од центарот „Чумаков“.