Халанд: Меси и Роналдо? Далеку сум од нив

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд верува дека тој сè уште не е на нивото на кое играат Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Двајцата фудбалери, кои ги делеа наградите за најдобар фудбалер на светот низ годините, секако се пример за Норвежанецот, но тој верува дека може да постигне многу самостојно.

„Во моментов, само размислувам за себе, како да ја подобрам својата игра секој ден. Не треба да зборувам за Меси и Роналдо, веројатно двајцата најдобри играчи во историјата. Треба многу за да стигнам до тоа ниво“, Халанд призна.

Тој оваа сезона постигна 33 гола, три повеќе од Роналдо, но четири помалку од Меси (37).

Многумина веруваат дека тој е идниот носител на наградата „Златна топка“.

Клубовите се борат околу него, најновите вести велат дека тој е се поблизу до „Бернабеу“, но засега е многу смирен во врска со тоа.

„Сè уште имам важечки договор на три години со Борусија и тие гласини воопшто нема да ме вознемират“, додаде Норвежанецот.

Минатиот викенд, Борусија одигра само 2:2 со Келн, по неговите два гола. Кога го напушти теренот, тој беше видно лут, кога луто му го фрли дресот на дефанзивецот Хорхе Мере, кој му го бараше.

„Бев многу лут, не се контролирав и се извинувам што се однесував така“, заврши напаѓачот на Борусија.

Слични содржини