Хрват привремено на клупата на Јувентус, од лето тројца кандидати за наследник на Пирло

од Stefanija Kuzmanovska
591 прегледи

Хрватскиот стручњак Игор Тудор може да биде привремено решение за тренер на Јувентус, кој наводно планира наскоро да го отпушти Андреа Пирло!

Италијанскиот весник „Република“ пишува дека Тудор ќе го замени Пирло до крајот на сезоната, и дека „Стара дама“ ќе се обиде да донесе нов експерт на лето. Во игра се три имиња: Лучано Спалети, Џанпјеро Гасперини и Симоне Инзаги.

Гасперини врши одлична работа со Аталанта неколку години наназад, Инзаги е на клупата на Лацио, додека Спалети е без клуб откако го напушти Интер во 2019 година.

„Република“ исто така пишува дека планот на Јувентус бил да ги донесат Пеп Гвардиола или Јирген Клоп, но дека немаат доволно пари со оглед на тоа што во февруари објавија дека се минус 113 милиони евра.

Слични содржини